Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Во штипското медицинско училиште симулација на вежба во услови на поплава

Во штипското медицинско училиште „Јане Сандански“ денеска за првпат имаше симулација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во штипското медицинско училиште „Јане Сандански“ денеска за првпат имаше симулација на вежба во услови на поплава. Во симулацијата учествуваа околу 400 средношколци и наставници, кои беа на настава, а интервенираа Територијалната Противпожарна единици (ТППЕ)- Штип, Брзата помош како и Општинската организација на Црвен крст. Директорката на Средното општинско училиште (СОУ) „Јане Сандански“-Штип, Марија Николиќ рече денешната симулација завршила за 12 минути.

-Денес во СОУ „Јане Сандански“ во Штип се спроведе сиимулација на вежба за симулација на поплава, за првпат во Штип. Можам да кажам дека од сите досегашни вежби при катастрофи вежбата заврши за време од 4 минути, а целата евакуација на учениците и на вработените беше 12 минути. Би сакала да се заблагодарам на ТППЕ Штип, Брзата помош и Црвениот крст. Беа вклучени сите професори и околу 300 ученици кои беа на настава- вели Николиќ.

Претходната година се спроведе едукативна работилница за евакуација при појава на пожар, а ваквите вежби се законски предвидени да се спорведуваат и тоа на секои три години.

Реклама

-Ова ни е законски предвидена и задолжителна, на секои три години согласно законот се реализираат вакви вежби, но сметам дека како училиште треба да ја подигнеме свеста кај младите и овие вежби да се прават барем еднаш годишно- изјави Николиќ.

Претходно во ова училиште се спроведоа симулациски вежби за евакуација при пожар и земјотрес.