Државата системски се подготвува за примена на вештачката интелигенција во јавниот сектор. Ова е е веќе поставено како еден од клучните столбови во националната ИКТ стратегија. Иако според извештаите од Држаниот завод за ревизија Македонија сеуште не е спремна за целосна имплементација на Аи во државните институции, министерот за дигитална трансформација вели дека процесот мора да почне, а со тек на времето ќе се усовршува.
„Дали јавниот сектор е подготвен за вештачка интелегенција? Во анализираниот преод одговорот би бил дека не е подготвена, но денес се поставува рамката за функционирање. Ако сакате да бидеме по искрени и отворени дали јавниот сектор било каде во светот е подготвен широка употреба на вештачката интелегенција, од моето искуство ќе ви кажам дека не е подготвен. Но во оваа област треба да размислуваме како да направиме квантни чекори напред.“-вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Македонија ќе добие и нов национален центар за вештачка интелегенција „Везилка“. Се гради модел на AI на македонски јазик кои треба да започне со работа во втората половина од 2026 година.

„Што се случува досега? Ќе изградите определен чатбот на некој портал и ќе го поврзете со некој модел, глобален провајдер на вештачка интелигенција, на јазични модели, па тој ќе прави грешки. Нема да го познава македонскиот контекст, историја, цивилизација, култура и лексика, граматика и ќе настануваат грешки кои што сметавме дека и сметаме дека се несоодветни за државата. Од тука овие два стратешки пристапи“- вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Државниот завод за ревизија направил анализа до 2024 година и до тогаш според нивните наоди државата не била спремна за вештачка интелегенција во јавниот сектор. Од таму посочуваат дека до тогаш се вложени околу 6,1 милиони евра за проекти поврзани со АИ, но тие се уште не се имплементирани во јавниот сектор.
„За тие шест милиони и сто евра се изработени одредени проекти, меѓутоа тие треба да доживеат одредена практична имплементација во јавниот сектор, така да, дека се фрлени не се фрлени, меѓутоа треба да обезбедиме имплементација во, во јавниот сектор.“– вели главниот државен ревизор Максим Ацевски.
Според глобалните индекси за вештачка интелигенција во Југоисточна Европа, Словенија е рангирана на прво место со индекс 49,58 и е единствената земја во регионот со национална стратегија за АИ. Македонија има значително понизок индекс од 18,14, што укажува на потреба од засилени системски мерки.
