Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Стопанската комора на Македонија дава поддршка на транспортерите

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, денеска од Штип порача…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, денеска од Штип порача дека бизнис секторот и Kомората ќе ја продолжат битката за транспортните компании за трајно решение за престојот на превозниците во Шенген-зоната.

Азески истакна дека Комората со години активно учествува во дијалогот со европските институции, но, како што рече, досега нема доволно слух за предлозите што се доставени.

-Формиравме клуб Европа со Европската унија. Во среда тоа ќе го промовираме во Виница во „Макпрогрес“. Како може да ни се случи во односите со Европската унија пет рестрективни мерки да бидат донесени во ист период. Значи ние преговараме за тоа, во исто време ни ги ограничуваат квотите за металите, ни ограничуваат определени дејности во делот на транзитирањето, во делот на одење во ЕУ, знаете и тука има проблеми во движењето, вели Азески. 

Реклама

Тој нагласи дека е неразбирливо земја која доброволно се стреми кон членство во Европската унија да се соочува со санкции и ограничувања.

-Да не зборувам и за обврските што фирмите финансиски ги трпат уште сега, а не сме ни добиле статус кој што ќе гарантира влез во ЕУ, а мораме да плаќаме финансиски за тие работи. Така да можам да кажам дека ќе ја продолжиме битката, ние сме вклучени на вакви тешки битки да издржуваме, исто така во низа области. Меѓутоа мислам дека е некоректен односот да вака со едно соопштение, со една реченица се одбиват сите предлози. Затоа што јас сум внатре во процесот и сум информиран дека имаше педесетина предлози, коишто можеа да ја решат ситуацијата и можеа да ги отворат перспективите за тоа.  Ако некој го органичува движењето на луѓето и на стоките, тогаш го прави најголемиот злочин, којшто може да постои, да те затвори самиот во себе, каде што не можеш да просперираш и да видиш, да се споредеш со другите, подвлече Азески. 

Тој истакна дека денеска треба да ги отвориме сите порти, а како што вели  редиците камиони на граничните премини ги има само на Балканот и тоа во должина по три-четири километри. 

-Во време кога од сателит ние можеме да снимаме човек и да му го снимаме телефонот. Ние не можеме да ги откриеме  прекршителите на Царините. Тоа е невозможно. Но имаме ситуација, којашто навистина се брукаме и сликите, коишто ги гледат од Запад доволно зборуваат за нас дека не можеме да се организираме, како што треба. Затоа мислам дека денеска е време во кое што електрониката може да заврши се и техниката и високата технологијата и треба се што е бариера да се отстрани и да му се даде простор на бизнисот и на луѓето да немаат ограничување. Затоа што луѓето реагираат на било какво ограничување, изјави Азески. 

Од Министерството за транспорт денеска апелираат да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации што можат да му наштетат на дијалогот со ЕК, а особено да не се потпаѓа на шпекулации пласирани од соседните земји, оти секоја држава одлучува сама за себе, а Македонија продолжува со дијалог за трајно решение

Според Министерството за транспорт најавено е одложување на примената на Системот за влез-излез (ЕЕС) и дека активно сите чинители работат на решавање на овој проблем.

Во координација со Европската комисија (ЕК) се работи на трајно решение за престојот на превозниците во Шенген-зоната, информираат денеска од Министерството за транспорт.