Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Хоџа: Продолжува партнерството со Светската банка за системска борба против аерозагадувањето

Продолжувањето и продлабочувањето на соработката во областа на управувањето со квалитетот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжувањето и продлабочувањето на соработката во областа на управувањето со квалитетот на воздухот беа во фокусот на средбата на министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа со претставници на Светската банка, предводени од Карол Мегеванд, соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање. 

Од таму соопштуваат дека на средбата било констатирано дека во моментот се имплементираат повеќе значајни проекти насочени кон подобрување на состојбата со аерозагадувањето, но дека останува потребата од дополнителни инвестиции.

– Министерот Хоџа истакна дека негова цел е системска промена во справувањето со аерозагадувањето како клучен приоритет во неговата работа и во работата на Министерството. Тој нагласи дека долгорочните и одржливи решенија бараат силно партнерство со меѓународните институции и континуирана поддршка во спроведувањето на реформите. Во таа насока, Хоџа изрази подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката со Светската банка нагласувајќи дека отворената комуникација ќе продолжи и во иднина со заедничка цел – подобрување на квалитетот на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните – стои во соопштението од МЖСПП. 

Реклама

Министерот посочил и дека Министерството и Владата континуирано работат на унапредување на квалитетот на воздухот преку акцискиот план за чист воздух, програмата за периодот 2024 – 2030, како и преку тековните проекти финансирани преку ИПА 2 и ИПА 3.

– Притоа беше истакнато дека останува потребата од дополнителни инвестиции и засилена техничка поддршка за да се намали загадувањето и да се обезбеди чиста животна средина за сите граѓани – дополнуваат од Министерството.