Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче доделиле лиценца на фирма за производство на канабис и од која се запленети 30 тони марихуана, ЈО да ја испита поврзаноста

Поврзаноста на Филипче и Заев со бизнисот со марихуана e прашање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поврзаноста на Филипче и Заев со бизнисот со марихуана e прашање на сериозни индиции кои бараат итна истрага,  се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Фирмата „ЦБД Медплант“ од Ново Село, од која беа запленети 30 тони марихуана, е директно поврзана со луѓе блиски до СДСМ и Заев. Постојат фотографии кои го прикажуваат Филипче во друштво со сопственикот, Тони Котев.

Од вкупно околу 40 тони запленета марихуана, дури околу 30 тони се поврзуваат со оваа фирма или 70%.

Реклама

Во 2020 година фирмата добила лиценца, а истата година, Заев и Филипче јавно ја отворија темата за поширока легализација на канабисот, вклучително и за лична употреба. Оти таквата иницијатива не доби поддршка, следеше интензивно издавање лиценци за медицински канабис, при што значителен број од нив завршија кај лица поврзани со структурите на власта.

Измените на Правилникот за одгледување на канабис што ги овозможиле во 2023 година, кои се спротивно на закон и се однесуваат на одгледување на канабис на отворено и производство кое не ги исполнува ГМП стандардите, отвораат сериозни прашања за законитоста на процесот.

Каква е легитимноста на цел бизнис ако производот не може да се лиценцира или продава како кој не ги исполнува ГМП стандардите за медицинска употреба?

Ова е момент за институционална одговорност. Јавното обвинителство и надлежните органи мораат итно да истражат и за лиценците и како биле доделувани истите и за измените на подзаконските акти и да ја истражат можната поврзаност на функционери од минатата власт во земјава.

Граѓаните заслужуваат транспарентност и правда и ова не е прашање што може да се одложи.