Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Потпишување иницијатива за основање иновациски центар во Штип меѓу Универзитетот „Гоце Делчев”, Општината и Стопанската комора на Северна Македонија

Иницијатива за основање иновациски центар во Штип помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иницијатива за основање иновациски центар во Штип помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Општина Штип и Стопанската комора на Македонија ќе биде потпишана денеска од градоначалникот на општината, Иван Јорданов, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, и ректорот, проф. д-р Дејан Мираковски. 

Иницијативата, како што наведуваат од Стопанската комора, ја претставува определбата на трите институции за создавање одржлив модел на трипартитна соработка во областа на претприемаштвото, иновациите и локалниот економски развој.

Азески за време на посетата ќе биде придружуван од членовите на Управниот одбор на Комората, а целта на посетата, како што се наведува во соопштението, во овој момент кога се води клучната расправа за промените на Законот за високото образование е подигнување на повисок степен на соработка меѓу образованието и бизнисот, особено во делот на примена на научните истражувања и користење на научната инфраструктура, што е од интерес за бизнисот, но и е препознатливо обележје на овој Универзитет.

Реклама

Во соопштенито се додава дека на средбата со Мираковски ќе се разговара и за проширување на соработката со шестте земји на Западен Балкан, организирани во Коморскиот инвестициски форум – КИФ.

Азески во просториите на ректоратот на УГД ќе се сретне и со градоначалникот Иван Јорданов со кого ќе разговара за неколку заеднички проекти од интерес и за градот и за бизнисот, кои ќе бидат поврзани со новата инвестициона програма на Владата и Комората, а кои набргу ќе бидат  објавени.