Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Ковачки со повик до членството: Во тек е генерален реизбор на претседатели на 76 ОК, претседател на УВ, УЖ и УМС, вратите се отворени за секој кој има визија и храброст да делува во организацијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во видео-обраќање до членството информира дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во видео-обраќање до членството информира дека во тек е генерален реизбор на претседатели на 76 Општинските комитети, на претседател на Унијата на Ветерани, на Унијата на жени и на Унијата на млади сили, порачувајќи дека вратите се отворени за секој кој има визија и храброст да делува во организацијата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

ВМРО-ДПМНЕ е жива структура, која константно расте, се надоградува и развива.

ВМРО-ДПМНЕ е победничка партија затоа што е отворена за нови идеи и нова енергија.  

Реклама

И токму затоа, на првата седница на Извршниот комитет донесена е одлука за генерален реизбор на претседатели на 76 Општинските комитети, на претседател на Унијата на Ветерани, на Унијата на жени и на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е шанса и можност за илјадници членови и активисти на партијата кои имаат визија, цел, знаење да допринесат кон развојот на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија. 

Потребни се луѓе со интегритет, кои ќе обединуваат, кои ќе го сплотат членството и кои одговорно и посветено ќе придонесат во креирањето на политиките. Политики кои значат подобар и поквалитетен живот за сите граѓани. 

На овој повик можат да се пријават сите граѓани кои се членови на ВМРО-ДПМНЕ најдоцна до 19ти февруари, а јавниот повик е објавен на сајтот на ВМРО-ДПМНЕ (https://vmro-dpmne.org.mk/%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8 )

И ова е одлична можност секој од вас да се приклучи и со визија, храброст и одговорност да делува во организацијата. Ова е можност за секој поединец кој дава максимален напор, енергија, искуство и посветеност, кој е правичен и може да ги води своите битки и да ги води своите браќа и сестри во нови победи.

Ова е шанса за секој член кој сака активно да се вклучи во креирањето и носењето на одлуки.

Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува. 

Сега е време да се вклучите и заеднички да делуваме!

За доброто на нашето ВМРО-ДПМНЕ и за доброто на Македонија.