Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Од почетокот на месецот во Крива Паланка собрани над 300 вреќи разновиден отпад од јавни површини

Во активностите за собирање на повремено акумулиран отпад и чистење на неуредени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во активностите за собирање на повремено акумулиран отпад и чистење на неуредени јавни површини спроведени од почетокот на месецот во Крива Паланка, собрани се над триста вреќи разновиден отпад, информира службата за комуникација со јавноста на општината.

-Општина Крива Паланка во првата декада од месецов организираше и реализираше низа aктивности спроведени преку ангажирање лица од програмата на АВРСМ, составен дел од втората област на Програмските активности за вршење јавни работи- заштита и унапредување на состојбата на животната средина. Во тој контекст, беше спроведено собирање разновиден отпад од непосредната околина на големите маркети во градот, околината на поранешни индустриски капацитети, меѓу кои: „Карпош“, „Кланица“, „Треска“ и други помали објекти, како и од регулациони корита на Крива Река, Домачки Дол, долниот дел од долот „Единство“, како и покрај патот кон локалитетот „Ловачки“. Во рамки на овие активности се собрани над 300 вреќи различен вид отпад, кои Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ ги транспортираше и депонираше на комуналната депонија, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.

Општина Крива Паланка денеска спроведе едукативна кампања за правилно постапување со зелениот отпад, во рамки на ЕУ-проектот за поддршка на регионалните системи за управување со отпад.

Реклама

Покрај тоа, во рамки на активностите од областа на заштита на природата и екологијата, спроведени се и работилници со дечињата од градинката „Детелинка“ и учениците од ООУ „Илинден“ за компостирање на зелениот отпад, со акцент на едукација истиот да се одложува во биокомпостери.

-Со компостирање: ја чуваме природата, штедиме средства, создаваме поквалитетна почва. „Нас не ни е тешко – ние сме спремни“, порачаа најмладите, потсетувајќи дека промената започнува од секој од нас, додаваат од општината.