Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Инспекциска акција во општина Центар

Инспекциските служби на Општина Центар почнаа со расчистување на два напуштени објекта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инспекциските служби на Општина Центар почнаа со расчистување на два напуштени објекта на улиците Тетовска број 20 во Ново Маало и Владимир Полежиновски број 7, во близина на ТЦ „Буњаковец“, соопштија денеска од локалната самоуправа.

– На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи се иселени бездомните лица затекнати во руинираниот објект по што почна расчистување на сметот во и околу куќата – појаснија од Општината.

Интервенцијата била извршена по пријава и барање на жителите од околните згради поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.

Реклама

– На втората локација во „Буњаковец“, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот што е претворен во мини депонија – информираа од локалната самоуправа.

Ова не е првпат инспекциските служби на Општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите.

– И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно-правни односи. Иако со сопствениците е стапено во контакт, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност – посочија од Општина Центар.

Во изјавата на градоначалникот Горан Герасимовски се наведува дека ваквите објекти, каде што се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје туку и се реална опасност за околината.

– Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме – порача Герасимовски.