Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Сали: САД остануваат клучен стратегиски партнер во реформските и демократските процеси

Првиот заменик‑претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик‑претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс, на која беше разговарано за билатералните односи, реформските процеси и регионалната стабилност.

Како што соопшти Кабинетот на министерот, на средбата било нагласено стратешкото партнерство меѓу двете држави, како и континуираната поддршка од САД во зајакнувањето на демократските институции и развојните политики. Сали ја истакнал посветеноста на Владата кон реализација на реформите во јавната администрација и судството, оценувајќи дека тие се суштински за подобрување на владеењето на правото, транспарентноста и услугите кон граѓаните.

Соговорниците разговарале и за значењето на регионалната стабилност како предуслов за мир, безбедност и економски напредок.

Реклама

-Двете страни ја реафирмираа подготвеноста за понатамошно продлабочување на билатералната соработка, се наведува во соопштението на Министерството за епропски прашања.