Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Андоновски: Соработка со Visa за побрза, поедноставна и покориснички ориентирана јавна администрација во дигитална средина

Министерство за дигитална трансформација денеска потпиша Меморандум за соработка со Visa, која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерство за дигитална трансформација денеска потпиша Меморандум за соработка со Visa, која се очекува да биде важен чекор кон побрза, поедноставна и покориснички ориентирана јавна администрација во дигитална средина.

Меморандумот го потпишале министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и Ана Драшковиќ, потпретседателка и генерална директорка на Visa за Југоисточна Европа.

Како што информира на социјалните медиуми министерот Андоновски, со Драшковиќ договориле партнерство со кое ќе бидат искористени можностите што ги нудат дигиталниот паричник и технологиите за дигитално плаќање, за да се зголеми достапноста и квалитетот на електронските државни услуги за граѓаните и деловните субјекти.

Реклама

-Во фокусот на соработката се: унапредување на функционалностите за плаќање на Националниот портал uslugi.gov.mk и мобилната апликација m.Uslugi, развој на инфраструктура за прифаќање дигитални плаќања на шалтерите во институциите од јавниот сектор и промоција и подигнување на свеста за придобивките од е-услугите и е-плаќањата кај граѓаните, бизнисите и државните службеници Нашата цел е јасна: помалку време на шалтери, повеќе услуги достапни онлајн и модерни, сигурни начини на плаќање каде што е потребно, посочува министерот за дигитална трансформација.

Министерот Андоновски најави дека ќе продолжуваат со конкретни решенија за дигитална држава што работи за граѓаните.