Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Велешките пожарникари лани имале помалку интервенции од претходната година, а изгорело и помалку шума 

Во текот на 2025 година, Територијалната противпожарна единица Велес реализирала вкупно 255…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на 2025 година, Територијалната противпожарна единица Велес реализирала вкупно 255 интервенции на територијата на Општина Велес, Општина Чашка и Општина Градско, што е помалку од ланската година година кога биле 287. Во ланските пожари немало жртви, информираа денеска од ТППЕ Велес во годишниот извештај за пожарите во 2025 година.

Во извештајот се посочува дека во 2025 година во трите општини изгореле 200 хектари трева трева, нискостеблеста вегетација, како и деградирана и квалитетна шума, а што е помалку за 540 хектари споредено со 2024 кога изгореле 740 хектари. Лани велешките пожарникари дури 13 пати интервенирале во гаснење на градската комунална депонија, а имале вкупно 39 пожари на објекти и 84 пожари на отворен простор што исто така е помалку од претходната година кога имале 118 интервенции на отворен простор. Тие лани имале 29 интервенции на пожари на контејнери 14 пожари на патнички моторни возила, 7 пожари на оџаци, 41 техничка интервенција, една интервенција за извлекување давеник, како и 4 интервенции за помош во други општини.

Во Општина Чашка, пожарникарите имале 20 интервенции, од кои 15 пожари на отворен простор, 3 пожари на објекти, една техничка интервенција, една интервенција за запалена бандера.

Реклама

Во Општина Градско имале 18 интервенции, од кои 8 пожари на отворен простор, 5 технички интервенции, 3 пожари на возила, 2 интервенции за вадење давеник.

Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните да се внимава при користење оган на отворено, фрлање отпушоци и согорување отпад, со цел заштита на животите, имотот и природата.

Во случај на пожар, граѓаните веднаш да пријавуваат на бесплатните телефонски броеви 112 или 193.