Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Средба Ѓорѓиевски – Канел: Нов импулс за соработка во образованието, културата и локалниот економски развој

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари работна средба со амбасадорката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Канел, што претставува уште еден чекор кон јакнење на традиционално добрите и пријателски односи меѓу институциите. 

На средбата, како што соопшти прес-службата на Град Скопје, биле разменети ставови и идеи за продлабочување на соработката преку заеднички проекти, со фокус на образованието, културата, локалниот економски развој и креативните индустрии. 

Двете страни ја истакнале важноста на партнерскиот пристап, иновативните решенија и долгорочната визија, како основа за одржливи политики и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, при што беше изразена подготвеност за реализација на нови заеднички иницијативи од заемен интерес.