Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Средба Сали – Колумбија: Продлабочување на соработката со Обединетите нации за поддршка на реформите и одржливиот развој

Министерот за европски прашања и прв заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања и прв заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари средба со резидентниот координатор на Обединетите нации во земјата, Рита Колумбија.

Кабинетот на министерот за европски прашања соопшти дека на средбата била потврдена долгогодишната и успешна соработка меѓу нашата држава и Обединетите нации како важен партнер во поддршката на реформските приоритети и одржливиот развој на државата. Министерот Сали ја истакнал посветеноста на Владата на европската интеграција како стратешки приоритет, со фокус на владеењето на правото, реформата на јавната администрација, функционирањето на демократските институции и подобрувањето на апсорпцијата на европските фондови.

Соговорниците, како што се наведува, констатирале дека приоритетите од новата рамка за соработка на Обединетите нации за периодот 2026 – 2030 се целосно усогласени со националните реформски цели и процесот на пристапување кон Европската Унија, особено во областите на социјалниот развој, одржливата економија, зелената транзиција и доброто владеење.

Реклама

Министерот Сали изразил благодарност за континуираната поддршка од Обединетите нации, особено во клучни моменти, и ја нагласил подготвеноста на Министерството за европски прашања за натамошно продлабочување на соработката и координацијата на развојната помош.