Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Муцунски од Париз: Активна поддршка за извозот на македонското вино на европските и светските пазари

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, а во присуство на македонскиот амбасадор во Франција, Игор Николов, и претставници на домашните винарници, вчера во Париз се обрати на настан посветен на промоцијата на македонските вина на меѓународната сцена.

Како што соопшти МНРиНТ, настанот беше организиран во рамките на работната посета на Париз, со поддршка на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како дел од активностите за унапредување на економската дипломатија и зголемување на извозните можности на државата.

– Пред многубројни гости од дипломатскиот кор, културниот и јавниот живот, политиката и француската винска индустрија беа истакнати квалитетот, традицијата и конкурентноста на македонските вина на европските и светските пазари – се наведува во соопштението.

Реклама

Министерот Муцунски нагласи дека македонското вино претставува еден од најпрепознатливите извозни производи на државата и значаен сегмент на економската соработка посочувајќи дека Министерството ќе продолжи со активна и стратешка поддршка на домашните производители со цел натамошно јакнење на нивната меѓународна позиција и отворање нови пазарни можности.