Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Наставници се обучуваат за правата на децата, обука во општина Центар – дел од глобален проект

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на обуката за наставници во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на обуката за наставници во основното училиште „Свети Кирил и Методиј“, што се реализира во рамките на проект на Република Словенија – „Нашите права“, насочен кон унапредување на образованието за човекови права и правата на детето. Проектот има цел преку обука на наставниците да ги зајакне подучувањето и учењето за човековите права и правата на детето, да поттикне почитување и разбирање уште од најрана возраст и да придонесе кон мир и безбедност во заедницата – соопштија денеска од Општина Центар.

– Станува збор за глобален проект, што се реализира во 27 земји во Европа, Азија, Блискиот Исток, Латинска Америка, Африка и во Австралија, а е наменет за деца на возраст од 10 до 12 години. Во проектот се вклучени и деца од малцински заедници, вклучително и ромски деца, а наставната алатка „Нашите права“ се користи на 24 јазици и е дел од Светската програма за образование за човекови права – појаснија од локалната самоуправа.

На обуката присуствувале амбасадорот на Република Словенија во земјата, Грегор Прескер, лидерот на проектот – Бланка Јамнишек, претставници на Бирото за развој на образованието и од здружението Центар за човекови права и разрешување конфликти од Скопје, како и наставници од повеќе скопски училишта.

Реклама

– Ова е проект што заслужува особено внимание. Нашите ученици треба да ги знаат своите права за да се почитуваат себеси, но и другите. Чест ми е што домаќин на работилницата е токму центарското училиште „Свети Кирил и Методиј“, најстарото во државата, но секогаш прво во прифаќање нови методи, обуки и трендови во образованието – се наведува во пишаната изјава на градоначалникот Герасимовски.