Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Ристески: Синдикатите да направат анализа за минималната плата што ја бараат, протестите се политикантство

Наместо да се занимаваат со политикантство, синдикатите што протестираат да направат анализа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо да се занимаваат со политикантство, синдикатите што протестираат да направат анализа како би влијаела минимималната плата од 600 евра која ја бараат – дали ќе предизвика затворање на малите, микро и средните претпријатија кои едвај преживуваат од први до први, дали ќе влијае врз цените на крајните производи, дали ќе предизвика зголемување на инфлацијата или некои други последици врз домашната економија, порача вечерва заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. 

Во гостување на една од националните телевизии, Ристески уште еднаш напомена дека за зголемувањето на минималната и другите плати, работодавачите и работниците треба да се договорат и да најдат заедничко решение кое Владата е подготвена да го прифати. Ако тоа не се случи, останува да важи формулата за минималната плата, донесена со трипартитниот дијалог, која, рече, ја потпишаа и синдикатите што сега протестираат.

Заменик-министерот е дециден дека барањата за зголемување на минималната плата мора да базираат на реални економски параметри кои нема да предизвикаат никакви турбуленции во домашната економија.

Реклама

– Она што го бараат синдикатите не е реално, исфрлени се ад-хок бројки, прво се зборуваше за 450 евра, а сега се дојде до 600. Барањата треба да бидат на реална основа, врз реални економски параметри кои нема да создадат турбуленции во економијата. Не гледам причина за протестирање, зашто врз основа на демократски дијалог синдикатите треба да го решат проблемот околу минималната плата со приватниот сектор. Кога бараме ад-хок решенија како ова за 600 евра минимална плата, треба да имаме и анализа што ќе значи тоа. Мислам дека овие синдикати анализа немаат направено и дека ова е длабоко политикантство. Додека го трошеа времето на политикантство, можеа да седнат и да направат анализа, подвлече Ристески.

Тој се осврна и на договорот што го постигна Владата со УПОЗ и САДУ за зголемување на платите на 11 000 административци.

– Владата покажа капацитет за социјален дијалог и го заокружи процесот на згоплемување на платите во јавната администрација. Сега претстојат преговорите за новиот Опш колективен договор. Сакаме системско решение за администрацијата и за сите вработени во јавниот сектор. Во однос на работодавачите и работниците, не сакаме да го наметнуваме нашиот став, сепак се работи за приватен сектор. Двете страни треба да најдат заедничко решение, потенцира Ристески.