Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Николовски: Царинската управа пример во регионот во имплементација на напредни ИТ системи

Со грант од ЕУ почнуваме со имплементација на Проектот за автоматизација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со грант од ЕУ почнуваме со имплементација на Проектот за автоматизација на терминалите, т.н. „Паметни граници“, што значително ќе го забрза протокот на стоки на граничните премини. Очекуваме до крајот на 2027 година целосна имплементација на проектот, за што веќе е објавен и јавен повик за набавка на опремa, како и негово поврзување со системот за видео надзор и препознавање на регистарски таблички. Преку дигитализација на царинските процеси ја создаваме основата за функционирање на единствениот пазар и забрзување на влезот на земјата во ЕУ, како клучно за успешна пазарна економија. Ова го истакна директорот Бобан Николовски на маргините на конференцијата во Загреб, „Интеграција и дигитална трансформација – Патот до ЕУ царина“ во организација на хрватската Царинска управа.

Како што информираат од Царинската управа, Николовски воедно ги пренел искуствата од Системот за анализа на ризик и податочен склад имплементиран со грант од Република Кореја  –  прво воспоставување на системот за електронско царинење на Царинската служба на Република Кореја во целиот европски регион.

-Овој систем ни е од исклучителна важност бидејќи со истиот овозможивме унапредување на анализата на ризик и подобра селекција и концентрираност на контролите на високоризични пратки, со што се овозможува олеснување и забрзување на легалната трговија, рекол директорот.

Реклама

Во рамки на конференцијата, директорот остварил билатерална средба со директорот на хрватската Царинска управа, Марио Демировиќ, на која биле разменети искуства за тековните предизвици, како и за можностите за зајакнување на соработката и заедничко делување кон сите потенцијални закани.

На конференцијата учествуваат директори и високи претставници од Царинските управи во регионот.