Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Средба Ѓорѓиевски – Андерсон: Унапредување на соработката помеѓу Град Скопје и ОБСЕ, со акцент на Локалните совети за превенција

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и претставници на Град Скопје денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и претставници на Град Скопје денеска одржаа работна средба со делегација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, предводена од Едвард Андерсон, шеф на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците, на која, како што информираат, биле разгледани можностите за унапредување на соработката помеѓу Град Скопје и ОБСЕ, со посебен акцент на јакнењето и зголемувањето на ефикасноста на Локалните совети за превенција.

-Двете страни ја потврдија заедничката заложба за отворен дијалог, партнерски пристап и континуирана соработка, со цел унапредување на безбедноста и стабилноста на локалните заедници и во интерес на граѓаните, информираат од Град Скопје.

На средбата, на која присуствувале и членовите на делегацијата Алексеј Гавриш, Емили Гели и Африм Бајрами, дополнително, била истакната потребата од понатамошно зајакнување на стратешкото планирање, особено во контекст на претстојниот период до 2026 година.