Беше еден од главните приорите на Владата на Зоран Заев кои требаше да ја револуционализира употребата на марихуаната во медицински цели, да не направи модерна и напредна држава и на крајот дури и да донесе милиони евра во економијата. Но наместо сето ова, самиот систем бил така поставен што Македонија ја претвори во нарко држава која повеќе наликувана Колумбија од 80-тите години од минатиот век, отколку од европска држава налик на Холандија. Наместо производство на медицински канабис кој требаше да им помогне на граѓаните, посебно на тие со тешки болести, се отворија вратите за сериозни злоупотреби, од кои резултатот се запленети 40-тина тони марихуана, количина која можно е да се зголеми најмалку двојно.
Токму во периодот кога Заев ја туркаше легализацијата како економска шанса, бројот на фирми со лиценци за одгледување нагло порасна. Во 2021 и 2022 година се регистрираат најмногу компании, а државата без доволна контрола дозволуваше ширење на плантажи, често без јасен траг каде завршува произведениот канабис. Според медиумите, но и денешната владеачка парија многу од овие фирми се поврзани на едне или друг начин токму со семејството Заеви.
- „Да обезбедиме декриминализација и депенализација на канабисот за мали количини за лична употреба. Бидејќи, точно е тоа што го зборуваат активистите од граѓанскиот сектор – не е во ред некој да оди во затвор затоа што користел половина грам природен канабис за лична употреба, во време кога веќе насекаде низ светот оваа билка станува легална и за медицинска и за економска дејност, “ изјави Заев – Поранешен премиер 21.12.2020.
Но наместо легализација, за што се залага и здружението „Билка“, адвокатот Јанаки Митровски, вели дека во обидите за измени во законот имало сериозни индиции за фаворизирање на поединци.

- „Но, сите измени, два пати имаше обид, и тоа последниот пат беше на минута пред избори, пред да се распишат изборите 2020 година. Тогашното владејачко мнозинство на СДСМ се обиде да протурка измени скандалозни – милион евра за лиценца, небаре е казино, секакви услови кои по мое мислење требаше да го отежнат бизнисот, да ја исчистат конкуренцијата и една фамилија, се знае на која алудирам, да може да се занимава со тој бизнис“ – рече Јанаки Митровски во емисијата „Под лупа“ – адвокат.
По серија претреси, заплени и сомнежи за шверц на марихуана во регионот, прашањето повторно се отвори – дали проектот најавуван како револуционерен, кој требаше да донесе приходи, работни места и медицинска корист, всушност ја стави Македонија мапата на балканскиот нарко-пазар.
