Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Во Нови Сад средба на претседателката на Македонскиот национален совет во Србија и претседателката на покраинската Влада, Маја Гојковиќ

Во Нови Сад денеска се одржа средба на претседателката на Покраинската влада,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Нови Сад денеска се одржа средба на претседателката на Покраинската влада, Маја Гојковиќ, со претседателката на Македонскиот национален совет, Зорица Митровиќ.

На средбата беше истакната добрата соработка што ја постигна Советот со Покраинската влада, а се разговараше и за поддршката за одбележување на јубилејот – 80 години од почетокот на доселување Македонци на територијата на АП Војводина.

Гојковиќ изјави дека Покраинската влада ќе ја поддржи изградбата на споменикот „Мајка Македонија“ во Нови Сад, нагласувајќи дека тоа дополнително ќе ги продлабочи односите меѓу Република Србија и Македонија.

Реклама

Претседателката на Советот, Зорица Митровиќ, нагласи дека Покраинската влада обезбедува континуирана институционална поддршка во областа на остварувањето на правата и видливоста на националните малцинства, како и дека македонската заедница ги ужива сите права во Република Србија.

За време на средбата, се разговараше и за одбележувањето на 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете држави, како и за евентуалното одржување на заедничка седница на Владата, во присуство на високи функционери од двете земји.

На состанокот присуствуваа и потпретседателот на покраинската влада и покраински секретар за образование, прописи, администрација и национални малцинства – национални заедници Роберт Отот, потпретседателот на покраинската влада Томислав Жигманов, амбасадорот на Македонија во Република Србија Никола Тупанчески, директорот на Македонскиот информативно-издавачки центар Озрен Симјановски и секретарот на Македонскиот национален совет, Марјан Јованоски.