Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Гаши: На Македонија се гледа како на позитивен пример, посетата на САД успешна, во финална фаза договорите за стратешко партнерство и за економска соработка со САД

Претседателот на Собранието, Африм Гаши информира дека за време на посетата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши информира дека за време на посетата на САД имале мошне успешни средби од кои се очекуваат позитивни ефекти, особено посетата на Стејт департментот, каде се разговарало за продолжување на стратешкиот договор со САД. 

– Знаете дека молитвениот појадок не е само настан кој се одржува во тие два часа, туку е одлична можност за средби, контакти, лобирање, промовирање на нашата држава и нашите ставови, постигнување на нашите цели итн. Особено беше важна посетата на Стејт департментот, каде што разговаравме за продолжување на стратешкиот договор со САД. Веќе се во тек или во финална фаза подготовките за втората рунда за договорот за стратешко партнерство со САД. Исто така, во финална фаза е и економскиот договор помеѓу САД и нашата држава, рече Гаши на денешниот брифинг со новинарите. 

Тој смета дека целата посета била во добробит на државата и граѓаните, а средбите ги оцени како мошне успешни и притоа изрази уверување дека тие ќе придонесат за конкретни и ефективни резултати во наредниот период.

Реклама

– Многу успешни средби имавме во САД и целата посета беше во добробит на државата и граѓаните. Мислам дека направивме добри посети и дека ефектите ќе бидат позитивни од сите тие средби. На Македонија се гледа како на позитивен пример, не поддржуваат. Мислат дека треба да ни се отвори вратата за започнување и отворање на преговорите со Европската Унија, истакна Гаши.

Тој потенцира дека во Стејт департментот ја отвориле и темата за испразнетото амбасадорско место откако замина Анџела Агелер, која беше меѓу дипломатите од кариера кои беа отповикани од претседателот Доналд Трамп.

– Во Стејт департментот ја отворивме и оваа тема. Кажавме дека во наш заеднички интерес е да имаме што побргу амбасадор во земјава. До изборот на нов амбасадор, замениик-амбасадорот ќе ја врши должноста во Амбасадата. Гледаат позитивно на нашиот пример и на нашата држава, сакаат добра соработка. Се надевам дека и оваа со амбасадорот брзо ќе се реши, рече Гаши.