Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Минчев: Пржинската влада го отслужи своето и треба да остане во минатото

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во гостувањето во емисијата „Тема на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ во дневник на Сител телевизија изјави дека законското решение за изменување на Законот за Влада, со кое се предвидува укинување на техничката, односно т.н. пржинска влада, се наоѓа во завршна фаза, се вели во соопштението од Министерството за јавна администрација.

Министерот истакна дека процесот се водел транспарентно и инклузивно, со активно вклучување и на опозициските политички партии.

„На лидерската средба ова прашање беше отворено како една од главните теми. Иако постоеја различни ставови, ние постапката ја водевме максимално транспарентно, со можност и опозицијата да учествува во креирањето на законското решение“ изјави Минчев.

Реклама

Тој појасни дека нацрт-верзијата на законот била доставена до сите координатори на пратеничките групи во Собранието, со рок за доставување забелешки и сугестии, дел од кои биле прифатени.

„Прифатени се забелешките на опозицијата, односно барањата на СДСМ, дополнителните министри да бидат распределени во ресорите кои тие ги предлагаа“ нагласи министерот.

Како компромисно решение, прифатено е техничката влада да важи уште за следните парламентарни избори, без разлика дали тие ќе бидат редовни или вонредни, а потоа целосно да се укине.

Министерот потенцираше дека предлог-законот ќе биде доставен од Министерството за јавна администрација до Владата, по што ќе следи собраниска расправа.

„Овој закон се носи со 61 пратеник и без бадентерово мнозинство. Сметаме дека 100-те дена техничка влада сериозно го кочат интензитетот на реформите. Пржинската влада беше воведена во 2016 година за обезбедување фер и демократски избори, а по повеќе изборни циклуси со позитивни оценки, сметаме дека го исполни својот мандат и треба да остане во минатото“ заклучи Минчев.