Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Обвинителството проверува дали 5 тони марихуана во Србија се од фирмите во Македонија кои се под истрага

Македонските и српските истражни органи соработуваат за да се докаже поврзаноста на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските и српските истражни органи соработуваат за да се докаже поврзаноста на уапсените и фирмите со дозволи за медицински канабис. Се испитува дали запленетата марихуана тешка пет тони, во Србија, потекнува токму од фирмите во Македонија од кои беа одземени 40 тони. Се собираат докази, а се сослушуваат и сведоци соопштија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

  • Во насока на целосно утврдување на фактите и околностите, предметниот обвинител од ОЈО за ГОКК е во комуникација со Обвинителството за организиран криминал на Република Србија, со цел размена на информации од значење за постапката што ќе помогнат да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната. Воедно, јавниот обвинител од ОЈО ГОКК презема и други дејствија согласно своите законски надлежности, вклучително и сослушување лица во својство на сведоци, со цел прибирање докази и факти релевантни за постапката..“ велат од ОЈО за ГОКК.

Обвинителите велат дека континуирано преземаат активности во соработка со МВР и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели, во рамките на Министерството за здравство.

Сомнежите се дека скопската „Алфафарм“ и струмичката „ЦБД  Медплант“, од кои беше заплета околу 40 тони марихуана и шишиња недоработено масло од канабис, не ги почитувале посебните стандарди за поседување, производство, набавка и отуѓување.

Реклама

Владата на утрешната седница треба да донесе одлука што ќе им ги отвори вратите на истражителите во околу 60-тина фирми за одгледување на марихуана за медицински цели. Очекувањата на премиерот Мицкоски се дека ќе бидат запленети уште најмалку 60 или вкупно 100 тони марихуана.

Тој  откри дека цветовите од канабис биле тврдо пресувани и такви не може да се користат за производство за масло за медицински цели, а дали тоа се правело со умисла или друга цел, истрагата треба да даде одговор.

Истрагата се прошири до македонските фирми откако во Србија беше уапсен Иван Драгниќ , кој се јавува како косопственик во скопската фирма. Струмичката „ЦБД Медплант“ е во сопственост на Христијан Котев, чиј татко во периодот кога ја отвориле фирмата бил претседател на огранокот на СДСМ во Ново Село.