Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Европската интеграција и реформската агенда во фокус на средбата на Сали со хрватската амбасадорка Тигањ

Европската интеграција на државата и реформската агенда биле дел од темите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската интеграција на државата и реформската агенда биле дел од темите на што разговарале министерот за европски прашања и прв заменик претседател на Владата, Беким Сали и амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ на денешната средба.

Како што информираа од Кабинетот на министерот, на средбата биле разменети мислења за актуелните случувања во процесот на европска интеграција на Македонија и за приоритетите поврзани со реформската агенда и обврските од европската агенда.

– Министерот Сали ја истакна определбата на Владата за забрзана имплементација на реформите и испорака на конкретни резултати, со посебен фокус на владеењето на правото и подобрувањето на апсорпцијата на европските фондови. Соговорниците разговараа и за значењето на континуираната поддршка од земјите членки на Европската Унија за процесот на проширување, како и за важноста од одржување на позитивниот моментум на европската интеграција во регионот, соопштија од Кабинетот на Сали.

Реклама

Министерот изразил благодарност за досегашната поддршка, нагласувајќи дека Министерството за европски прашања ќе продолжи со засилена координација и фокус на реформските приоритети во насока на напредок во пристапниот процес.