Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Нема помирување помеѓу пушачите и непушачите за законот за пушење

На дваесетина дена до најавениот почеток на примената на законот за заштита…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На дваесетина дена до најавениот почеток на примената на законот за заштита од пушење, не запира дебатата помеѓу пушчите и непушачите за неговата потреба и оправданост. И еднитеи другите си остануваат на своето. Нрпушачите ебзрезервно го поддржуваат законот, пушачите пак, се жалат дека државата им ја ограничува личната слобода. Како допонителен аргумент против законот,  граѓаните кои пушат, велат, дека новите правила, нема да им помогнат ниту да ги  откажат цигарите во целост, ниту пак да го намалат пушењето. Велат дека со новиот закон треба да има барем обележан простор кај што ќе биде дозволено да се пуши.

„Еве гледаш има пепељара, луѓето овде си пушат. Тогаш треба и шеќерот да се забрани, многу е штетен нели. Многу работи треба да се забранат, се е штетно ако е до тоа. Луѓе 100 години живеат па пушат. 50 години пушам, и сега да се откажам? Не верувам“– велат пушачите.

Од друга страна ставот на непушачите е поинаков. Тие го оправдуваат законот во целост и велат дека треба да се стави крај на труењето на децата со цигарите особено во затворените простории, кафаните, рестораните и кафичите.

Реклама

„Ние не пушиме ама сме многу против. Законот е добар. Го подржувам во целост.“– велат непушачите.

Законот не предизвикува подеби само кај граѓаните, туку и кај угостителите. Најголемиот дел од сопствениците на кафеани, ресторани, кафулиња, предвидуваат дека ќе имаат пад на посетеноста. Тие бараат примената на законот да се одвива во фази. Најпрво едукативна кампања по која ќе следи период на адаптација од 12 до 36 месеци, а дури потоа целосна имплементација на строгите правила за пушење.

Од министерството за економија и труд најавија нова средба со угостителите заедно со министерството за здравство на која треба да се донесе одлука што ќе биде прифатлива за сите засегнати страни.

Лекарите пак бараат итна примена на законот. Предупредуваат дека границата за консумирањето тутун е намалена на 12 до 14 години и се повеќе млади деца почнуваат со користење тутун.

Според предложеното во законот, во рестораните и кафулињата ќе биде дозволено пушење само на терасите ако се отворени од 3 страни, а не како досега застаклени или преградени со фолии, а казните за непочитување ќе се движат од две до пет илјади евра. Дополнително ќе биде забрането пушење и пред здравствени установи, училишта, градинки, министерства и други јавни институции.