Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

СДСМ: Договорот со УПОЗ не ги решава проблемите, потребно е пошироко решение за минималната плата

Така наречениот договор којшто денеска е постигнат со УПОЗ е потврда дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Така наречениот договор којшто денеска е постигнат со УПОЗ е потврда дека Владата на Мицкоски не сака да ја покачи минималната плата на работниците на 600 евра. Овој договор се однесува на само мал број административни службеници, околу 10.000 не земајќи ги во предвид сите јавни службеници како на пример вработените во државните акционерски друштва и останатите работници, стои во соопштението од СДСМ. 

После две години без реален раст на платите, над 200 илјади работници тешко живеат бидејќи вредноста на синдикалната кошница порасна на 66.000 денари. 

Второ, периодот од покачување на платите минимално и тоа за две години од сега не е одговор на потребите на работниците на кои платите да им се покачат сега, оваа година. 

Реклама

Околу 200.000 работници моментално земаат плата под 30.000 денари, што ја продлабочува сиромаштијата и го поттикнува иселувањето на младите и квалификуваните.

Затоа минималната плата треба да се покачи за сите вработени, во јавниот сектор, во приватниот сектор и приватните компании, фабриките, конфекциите. 

Решението на СДСМ е реално, одржливо и целосно ги задоволува потребите на сите работници кои земаат минимална плата, сега и веднаш. Со решението на СДСМ минималната плата се покачува за 50%, односно за 12.000 денари и тоа сега.

Само со ребаланс на Буџетот и кратење на луксузот на власта, како коли, мебел, патувања, кабинети, се обезбедуваат 200 милиони евра за минимална плата од 600 евра и за поддршка на приватните компании да им се загрози ликвидноста.

Власта го избра својот луксуз пред животните, егзистенцијални потреби на работниците.
Владата на Мицкоски ги изигра работниците.