Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Во тек е пријавување на групни маски за манифестацијата „Сусурига 2026“

Општина Крива Паланка и Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ го најавија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Крива Паланка и Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ го најавија одржувањето на третата по ред манифестација „Сусурига“, што ќе се одржи на 21 февруари напладне, на градскиот плоштад.

-Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани, маалски друштва и креативни групи да го пријават своето учество со групни маски и да бидат дел од оваа уникатна културна манифестација. Целта на „Сусурига“ е масовно и достоинствено заживување на старата градска традиција на маскирање и палење ритуален оган по повод празникот Прочка. Програмата ќе опфати дефиле на пријавените маскирани групи од плоштад „Карпошово востание“ низ главната улица, до централниот градски плоштад, каде ќе се одржи ревијален настап на сите учесници. Настанот ќе биде збогатен со гостувања на специјални групи од нашата држава и од соседството, препознатливи по своите традиционални ритуали, уникатна кореографија и атрактивни маски, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.

Пријавувањето се врши преку пополнување формулар, достапен на веб-страницата на општината, а пријавувањето трае до 16 февруари 2026 година.

Реклама

Од општината упатија повик сите заинтересирани активно да се вклучат, да ја покажете својата креативност и заедно да придонесат кон зачувување и негување на традицијата и културниот идентитет што ја обединува Крива Паланка.