Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Од Росоман стартуваше 9. традиционално зимско искачување на врвот Клепа

Од росоманското село Сирково стартуваше 9. традиционално зимско искачување на врвот Клепа,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од росоманското село Сирково стартуваше 9. традиционално зимско искачување на врвот Клепа, висок 1.150 метри надморска височина. Организатори на настанот се „Клепа Росоман“ – Росоман заедно со „Грин пауер“ и „АЗОТ“ од Велес и општините Росоман и Градско.

Како што соопштија организаторите на планинарската акција, како покровители се приклучуват и градоначалниците на општините Росоман и Градско, низ чија територија поминува патеката, а како помагатели секоја година се приклучува логистичкиот дел на Армијата и домашни винарии.

– Целта на акцијата пред сè е меморијална, за да се оддаде почит на прерано загинатите планинари Калина и Александар на врвот Кајмакчалан, да се промовира врвот Клепа, како и да се манифестира заедничка соработка помеѓу планинарските клубови и друштва со општините Росоман и Градско, додадоа организаторите на искачувањето на Клепа.

Реклама

Блаже Мелов од Кавадарци, долгогодишен и искусен планинар, рече дека лично ги познавал Калина и Александар и дека во нивна чест веќе неколкупати учествува во ова искачување.

– Сите ние би сакале денеска со нас да беа и Калина и Александар. Во нивна чест и сеќавање на убавите моменти што ги поминавме заедно, денеска чекориме кон Клепа и ги чуваме спомените за нив. Раскажуваме за нашите заеднички планинарски доживувања, емотивно раскажа Мелов.

Росоманскиот градоначалник Ѓорѓи Крстевски информираше дека Советот на Општина Росоман и локалната самоуправа и оваа година се јавуваат како покровители на настанот.

– Со поддршката на овој настан продолжуваме да ја поттикнуваме спортската рекреација, планинарството и активниот начин на живот, како и промоцијата на природните убавини на нашата општина. Клепа е дел од нашиот природен идентитет, а ваквите настани се можност за заедништво, здравје и промоција на општина Росоман, сподели градоначалникот.