Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи со цел подобар живот за сите граѓани

Драган Ковачки е новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, а избрани се и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Драган Ковачки е новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, а избрани се и членови на Извршниот комитет на партијата, соопшти по завршувањето на седницата на Централниот комитет на партијата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ, рече тој, продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи со цел подобар живот за сите граѓани.

-Денеска заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата. Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, којшто претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека одлуките донесени на седницата на ЦК на партијата се јасен показател дека партијата се менува, и се прилагодува на новите предизвици.

Реклама

– Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните. Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството. Воедно најавувам дека во периодот којшто следи ќе имаме избор на претседатели на партиските општински комитети, како и избор на нови раководства на Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани. Овие процеси ќе се водат инклузивно, со јасна визија за иднината и со фокус на квалитет, одговорност и резултати, нагласи Мицкоски.

За членови на Извршниот комитет на партијата се избрани Александар Николоски, кој моментално е потпретседател на Владата и министер за транспорт, Владо Мисајловски, којшто во моментот ја извршува функцијата министер за одбрана, Гордана Димитриеска-Кочоска, којашто во моментот е министер за финансии, Тимчо Муцунски, кој што во моментот е министер за надворешни работи и надворешна трговија, Ѓорѓија Сајкоски, досегашен генерален секретар на партијата и  актуелен пратеник, Никола Мицевски, кој што е моментално координатор на пратеничката група, Луке Галески, кој што е дел од кабинетот на Владата и шеф на Центарот за комуникации и при Владата и во ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателот на македонското Собрание Антонијо Милошоски, пратеничките Ели Панова, Дафина Стојаноска и Рашела Мизрахи и Драгана Бојковска, Националниот координатор за демографија Влатко Ѓорчев, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, потоа Марија Андоновска која што е директор во Институтот за јавно здравје, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, портпаролот на Владата, Марија Митева, Благоја Ташаминов, дел од владиниот кабинет и претседател на кадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, директорот на болицата 8 Септември, Синиша Стојаноски, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, носителот на листа на последните локални избори во град Битола, Филип Поповски, како и директорот на Царина, Бобан Николовски. 

-Ним ќе им се приклучат, според Статут и функција, новите претседатели на Унијата на жени и Унијата на млади сили и Унијата на ветерани. За организационен секретар е избран Ивица Томовски, досегашен и иден директор на Централниот штаб. А, за шеф на мојот кабинет и шеф на мојот владин кабинет, Владимир Нелоски којшто продолжува да биде и шеф на кабинет во рамките на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Во услови, нагласи тој,  кога имаме опозицијата којашто не нуди решенија и којашто е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани.

Тој во одговор на новинарско прашање истакна дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а оти во мај или најдоцна до јуни, како што најави и пред одржувањето на партискиот конгрес, би можело да има и реконструкција на Владата.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: