Реклама

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Македонија

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва по завршувањето на Централниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва по завршувањето на Централниот комитет на партијата ги соопшти членовите на Извршниот комитет, и информира дека за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е избран Драган Ковачки.

Мицкоски во изјава за медиуми истакна дека Централниот комитет донел одлука за избор на нов ИК којшто, како што кажа, „претставува спој меѓу искуството и дел од луѓето кои се веќе дел од претходните состави на ИК и нови членов кои заедно со оние кои во минатото беа дел од ИК ќе го формираат новиот Извршен комитет“.

-Овие одлуки се јасен показател дека партијата се менува, и се прилагодува на новите предизвици, нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните, нагласи Мицкоски, по што го соопшти новиот состав на ИК.

Реклама

Тој рече дека составот на Извршниот комитет е следен – нов генерален секретар е пратеникот Драган Ковачки, за членови на ИК се избрани Александар Николоски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, Рашела Мизхархи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша  Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николоски.

Додаде дека на овие членови, според статут, ќе им се приклучат новите претседатели на УМС, Унијата на жени и Унијата на ветерани. 

Мицкоски исто така информира дека за организационен секретар е избран Ивица Томовски, досегашен и иден директор на Централниот штаб, а за шеф на неговиот кабинет Владимир Неловски

Додаде дека ќе продолжат да работат на зајакнување на внатрешната организација, транспаретноста и инклузивниот процес на членството. Најави дека во претстојниот период ќе има избор на претседатели на партиските општински комитети, како и избор на нови раководства на Унијата на жени, УМС и Унијата на ветерани.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: