Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Општина Штип обезбеди финансиска поддршка на семејствата на деца со попреченост, вклучени во наставата во училиштата

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, денеска ги потпиша решенијата за финансиска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, денеска ги потпиша решенијата за финансиска поддршка на семејства на деца со попреченост, ученици од прво до девето одделение, вклучени во редовната настава во сите Основни општински училишта (ООУ) на територијата на Општина Штип, информираа од кабинетот на градоначалникот на општина Штип. 

Во писменото соопштение се вели дека финансиската поддршка се реализира преку доделување месечна стипендија во износ од 2.000 денари, за период од девет месеци, односно за целата учебна 2025/2026 година. За оваа намена, од Буџетот на Општина Штип ќе бидат издвоени вкупно 576.000 денари. 

Оваа мерка се спроведува во рамки на Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2026 година и претставува дел од континуираните активности на локалната самоуправа за унапредување на социјалната инклузија и поддршка на семејствата со деца со попреченост.