Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Новиот префект на округот Корча, Флоринда Зегуљај, во посета на Општина Пустец

Новиот префект на округот Корча, каде територијално припаѓа Општина Пустец, Флоринда Зегуљај,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот префект на округот Корча, каде територијално припаѓа Општина Пустец, Флоринда Зегуљај, беше во посета на оваа општина, каде покрај другото имаше средба со градоначалникот Пали Колефски.

-Задоволство ни беше да го пречекаме новиот прв човек на округот Корча, Флоринда Зегуљај, на која од свое и од име на администрацијата и жителите на нашата општина ѝ посакав успех во нејзината нова должност и изразив уверување дека институционалната соработка ќе биде плодотворна, во служба на заедницата, рече Колефски .

Додаде, дека, за време на средбата, ги презентирал приоритетите и плановите за развој на неколку клучни проекти оваа година, а посочил и некои од најважните атракции на општината, кои бараат инвестиции и внимание.

Реклама

-Меѓу другото таа вети дека целосно ќе се ангажира во обезбедувањето финансиски средства од владата во Тирана, за реализација на проекти во нашата општина, со цел подобрување на условите за живот на граѓаните, за развој на туризмот, за што имаме идеални услови, а со тоа и економски развој, посочи Колефски.

Според него, ја гарантирал неговата и подготвеноста на тимот на Општина Пустец за тесна соработка во служба на граѓаните и развојот на туристичката област. 

На Зегуљај, која, со одлука на албанската влада,  фунцијата од Нертил Јоле, ја презеде пред десеттина дена, Колефски и подарил примерок и од рачно изработена кукла во македонска народна носија од Мала Преспа.