Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Петрушевски: Двојни аршини на СДСМ и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Двојните аршини на СДСМ и Филипче се потврдија, од една страна велат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двојните аршини на СДСМ и Филипче се потврдија, од една страна велат дека секој оној кој сака да вози без возачка дозвола треба да е санкциониран, а од друга страна гласаа против системот „Безбеден град”, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Сведоци бевме дека на протестите активисти на СДСМ кои работеле за Оливер Спасовски, се закануваа со тепање и убивање на полициски службеници, и дивееја низ градовите за да возат без возачки дозволи. Ваков начин на изразување на протест, ние не поддржуваме и јавно го осудуваме.

Потсетуваме дека СДСМ и Филипче гласаа против овој проект во Собранието, а координаторот на нивната пратеничка група, Оливер Спасовски, кој инаку е и ексминистер за внатрешни работи не направи ништо поврзано со ова прашање за да ја зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот.

Реклама

Во време на СДСМ, Филипче и Спасовски не беше имплементиран ниту еден системски проект што ќе обезбеди дигитална контрола над сообраќајот, транспарентно санкционирање и реално намалување на сообраќајните прекршоци.

Сега кога конечно се воведува систем кој воспоставува ред, одговорност и еднаквост пред законот, Филипче и СДСМ се против. Од друга страна пак Филипче и СДСМ тврдат дека се против возење без возачка дозвола и без регистрација, а гласаа против проект и механизам што практично го гарантира токму тоа.

Оваа контрадикторност ни Венко Филипче не може сам да си ја објасни ниту со политички разлики, ниту со загриженост за граѓаните. На СДСМ и Филипче треба да им биде јасно дека проектот „Безбеден град“ не е партиска агенда, напротив е системско решение за заштита на животите на граѓаните.

Секој што е искрено за ред, закон и безбедност, треба да го поддржи, а се друго е политичка калкулација на штета на јавниот интерес.