Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ пред средношколците ги презентираа можностите за студирање на факултетите и академиите

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип посети 30 средни училишта на територија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип посети 30 средни училишта на територија на цела држава, со порака дека инвестицијата во знаењето е инвестиција во иднината на младите. Од УГД-Штип информираат дека учениците имаа можност директно да се запознаат со студиските програми, студентскиот живот и можностите што ги нуди еден современ, европски ориентиран универзитет. Посочуваат дека преку интерактивни работилници, отворени дискусии и презентации, младите добија реална и автентична слика за академскиот свет, но и поддршка во процесот на избор на својата идна професионална патека.

– Посебна вредност на оваа иницијатива претставува интерактивниот и ученик-ориентиран пристап, кој значително го зголеми интересот и активното учество на средношколците. Наставничкиот кадар, заедно со студентите-волонтери, споделија лични искуства од студентскиот живот, практичната настава, мобилностите преку Еразмус+ и можностите што ги отвора членството во Европската универзитетска алијанса ACE²EU, соопштуваат од УГД-Штип.

Во соопштението од УГД се наведува дека овој модел на комуникација се покажал како исклучително ефективен, бидејќи какошто во него пишува „младите не беа само слушатели, туку активни учесници во процесот на учење, прашување и планирање на својата иднина“.

Реклама

– Преку директна комуникација со наставниците, стручните служби и директорите, УГД ја потврди својата улога како отворена, општествено одговорна и иновативна високообразовна институција. Споделените искуства и комункацијата на кадарот на УГД со средношколците доведоа до видливи резултати – зголемена информираност кај учениците, позитивна перцепција за квалитетот на наставата, конкретен интерес за одредени студиски програми и воспоставени контакти со потенцијални идни студенти, велат од УГД-Штип.