Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Екологисти од Неготино алармираат за штетникот боров четник во боровите шуми

Екологистите од регионалниот екоцентар „Ековита“ од Неготино алармираат за присуството на штетникот,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екологистите од регионалниот екоцентар „Ековита“ од Неготино алармираат за присуството на штетникот, таканаречениот боров четник во боровите шуми, на локации во Неготинско, како Гоцевата Шума и Тимјаничката Цуцка.

– Боровиот четник денес е сериозна и директна закана за опстанокот на иглолисните шуми и за здравјето на граѓаните бидејќи шумите се нашите колективни бели дробови. Доколку масовно се рашири присуството на штетникот, се ризикува трајно уништување на шумите, што се природна заштита и бели дробови на регионот. Затоа е неопходно итно институционално вклучување, финансиска поддршка и системски пристап наместо ад хок реакции кога штетата веќе ќе биде направена – предупредија од еколошкото друштво.

Дипл. инж. агроном Кристина Тодорова, координатор во „Ековита“, истакна дека постојат биолошки и еколошки методи за контрола, но на граѓанските здруженија и на локалните иницијативи им е неопходна поддршка за дејствување.

Реклама

Од ова здружение на граѓани апелираа до сите надлежни институции да се вклучат најбргу што може во решавање на проблемот со, како што рекоа, неканетиот гостин во боровите шуми во Тиквешко и на други места во државата.