Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Вo јануари отстранети 2.765 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје соопшти дека нивните екипи во текот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје соопшти дека нивните екипи во текот на првиот месец од 2026 година подигнаа и транспортираа приближно 13.000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на Скопје.

Отстранети се и 2.765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Екопатролата при ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица што биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.  

Реклама

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и на улиците што се во надлежност на Град Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и на улицата Македонија, на помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, на пешачките мостови во централното градско подрачје, на пешачките патеки и на тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и во Старата скопска чаршија – се наведува во соопштението од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.