Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

На 6. февруари во 1945 година во Битола е одржан првиот наставен час на современ македонски јазик

На 6. февруари 1945 година во битолската гимназија, за прв пат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 6. февруари 1945 година во битолската гимназија, за прв пат во едно македонско средно училиште се одржа наставен час на современ македонски јазик. 

На првиот наставнички совет со кој претседавал директорот Орде Печијаре биле донесени шест одлуки, меѓу кои и одлуката, на 6 февруари во гимназијата во Битола да се одржи првиот наставен час на современ македонски јазик.

– Скромно украсената сала на гимназијата беше шумна. Се дигна завесата и молк. На бината се појави првиот директор на гимназијата, Орде Печијаре. Тој објави дека гимназијата започнува со редовна настава на македонски јазик. Одекна силен аплауз. Потоа претставниците на народната власт ги поздравија присутните и зборуваа за значењето, задачите и улогата на гимназијата во ослободената татковина. Членовите на штотуку формираниот градски театар заедно со културно уметничка група при гарнизонот изведоа пригодна програма. Тогаш по прв пат стиховите на Константин Миладинов „Т’га за југ“, „Бисера“, „Голапче“ и други, како и стиховите на Кочо Рацин и убавиот мелос на македонските народни песни, ги растреперија срцата на присутните, се нагласува во монографија на гимназијата.

Реклама

Редовната настава ја следеле 572 ученици во 13 мешани паралелки, а првата учебна година завршила на 20 јуни 1945 година. Битолската гимназија ги менувала имињата, па така во периодот од 1945 до 1952 година го носела името на Гоце Делчев, во периодот на Нижата гимназија која работела само една учебна година 1951-1952 и се викала Никола Карев, а од 1952 година и денес го носи името на  Јосип Броз-Тито. Без разлика на временските периоди, во градот под Пелистер, најпозната е по името Горната Гимназија.

Денес, секој ден, во холот на гимназијата со гордост на мермерна плоча изложени се ликовите и имињата на пет народни херои, средношколци кои учеле во гимназијата, а тоа се Стеван Наумов-Стив, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Кузман Јосифовски-Питу и Елпида Караманди.

Учениците и наставниот кадар од секоја генерација со задоволство истакнуваат дека дел од нивната генерација биле ученици, а во животот станале академици, тогашните средношколци Петре М. Андреевски, Томе Бошевски, Кирил Миљовски, Фанула Папазоглу, Коле Чашуле, Владо Камбовски, Љубен Лапе, Ѓорги Филиповски, Анте Поповски, Ѓорѓи Чупона, Михаил Петрушевски, Петар Серафимов, Ристо Лозановски, Живко Попов, Димче Коцо, Александар Христов, Георги Константиновски и писателот Владимир Костов, почесен член на МАНУ.