Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Мицкоски: „Безбеден град“ дава резултати – сообраќајките преполовени, прекршоците под 500 дневно

Со воведувањето на „Безбеден град“ за контрола на сообраќајот, бројот на сообраќајни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со воведувањето на „Безбеден град“ за контрола на сообраќајот, бројот на сообраќајни незгоди е преполовен, а од почетокот на неговата официјална примена на 1 февруари нема жртви, посочи премиерот Христијан Мицкоски на вечерашното гостување на една од националните телевизии во Македонија.

Оваа година, според Мицкоски, ќе биде година на воведување ред во сите општествени сфери вклучително и во сообраќајот. Мицкоски изрази уверување дека системот е одржлив и им се заблагодари на граѓаните што ги почитуваат правилата и возат побезбедно. Тој појасни дека бројката на прекршоци конкретно во Скопје сега е помала отколку во минатото кога имало организирани акции на МВР.

– Фактите покажуваат дека со проектот се вози многу повнимателно, намален е бројот на сообраќајни прекршоци, надежта е дека оваа година ќе се намалат бројките на сообраќајни незгоди, што повлекува и повредени и загинати, а тоа беше практично и клучната цел на овој проект и на неговата имплементација, рече Мицкоски.

Реклама

Споредувајќи ја сегашната состојба со минатото, тој појасни дека додека порано при организирани акции на МВР се констатирале околу 1.200 прекршоци, сега таа бројка на дневно ниво е под 500, што според него значи дека возачите ги почитуваат правилата.

– Во обичен ден, кога немаме организирана акција на Министерството за внатрешни работи, оние сообраќајни припадници на Министерството за внатрешни работи санкционираат меѓу 300 и 500 прекршоци на територијата на град Скопје. Што значи дека сега со овој паметен систем сме во рамките на тоа за кое што зборувам и кое што претставува редовна работна рутина на Министерството за внатрешни работи. Така што, само што е разликата: имаме многу помал број на сообраќајни незгоди, тоа е преполовено, немаме жртви од почетокот на официјалната примена, зборувам во овој месец, од 1 февруари, заклучно со денеска, истакна премиерот.

Слична е состојбата и во другите градови и на коридорите опфатени со системот.

– Истото се случува и во Тетово и во Куманово. Дневно не се забележани повеќе од 20 до 30 сообраќајни прекршоци, нешто повеќе од 50 до 70 до 80 на коридорите каде што има инсталирано вакви камери, Коридорот 8 и Коридорот 10. Така што, сè на сè, генерално гледано, ние се движиме и до 500 прекршоци на територијата на која што функционира овој систем, рече Мицкоски.

Во однос на протестите и инцидентите поврзани со лица кои се противат на законските обврски за поседување возачка дозвола, премиерот беше дециден дека секое насилство и уништување на државен имот ќе биде санкционирано.

– И секој мирен протест, затоа јас реков, тоа е девијантно, и начинот на кој одредена група протестираше, можеше да се сфати како закана по животите и слободата на други лица, без разлика дали се тоа цивили или припадници на Министерството за внатрешни работи. А од друга страна, имаме и уништување на државен имот. И сè што е констатирано, ќе биде поднесена пријава против сторителите на сето тоа, додаде Мицкоски.

Демократско право на протест, вели, не смее да ја премине границата на насилство и беззаконие.

– Оваа група вели: ние сакаме да управуваме патнички возила или друг тип на возила без да поседуваме легална возачка дозвола. Ние велиме: тоа не може. И ако вие на мирен начин го изразувате својот револт, во ред, тоа што ние како држава можеме е само да го обезбедуваме тој мирен начин за да се изрази демократското несогласување со нешто во државата. Ако тоа ја помине границата, го помине Рубиконот, државата мора жестоко да реагира, рече премиерот и додаде дека побарал од МВР жестока реакција против оние кои го загрозуваат животот на цивилите и полицијата.

Мицкоски заклучи дека Македонија како правна држава и членка на НАТО мора да обезбеди владеење на правото.

– Ова е година во која се воведува ред: ред во сообраќајот, ред во другите сфери во општеството и мора да има ред, ако сакаме да бидеме држава и да личиме на држава. […] Законот вели: за да управуваш патничко возило, мора да имаш важечка сообраќајна легитимација, односно важечка сообраќајна дозвола за управување на тоа патничко. Ако немаш, нема да го управуваш. Ако го управуваш без важечки документ, ќе бидеш одговорен пред законот. Точка. И тука нема компромис, порача Мицкоски.