Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на ОАЕ: фокус на економијата и билатералната соработка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на учеството на Светскиот самит на владите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи оствари средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед ал-Нахјан.

На средбата претседателката изразила благодарност за гостопримството и можноста за учество на самитот оценувајќи го како исклучително значајна платформа за справување со глобалните и регионалните предизвици и за водење значаен дијалог со истакнати лидери и партнери од целиот свет.

Во фокусот на разговорот, како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, биле перспективите за продлабочување на билатералната соработка и била посочена потребата од унапредување на правната рамка.

Реклама

Посебен акцент бил ставен на економските односи и можноста за забрзување на проектите од заемен интерес, кои се во подготвителна фаза.

Претседателката го поздрави воведувањето безвизен режим меѓу двете држави оценувајќи го како одлична можност за олеснување на севкупната комуникација меѓу двете општества.

Таа изрази уверување дека средбата, што се реализира во пресрет на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, ќе даде силен импулс во севкупното натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните глобални прашања и важноста на напорите за разрешување на постојните конфликти.

Во тој контекст, претседателката ја поздрави конструктивната и одговорна улога на Обединетите Арапски Емирати, која се базира на принципите на мир и толеранција.

Сиљановска-Давкова го истакна интересот од македонска страна за продлабочена соработка преку заеднички иницијативи за меѓукултурен дијалог и промоција на општите цивилизациски вредности.