Реклама

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија

МНД Битола одржа книжевна средба „Поезија без граници“ со писателот Жоел Верне

Во организација на Македонско научно друштво – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Македонско научно друштво – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола и Француска алијанса – Битола, денеска во Студентски информативен центар при УКЛО (СИЦ) се одржа книжевна средба „Поезија без граници“ со познатиот француски писател Жоел Верне.

На настанот учествуваа професор д-р Даниела Андоновска-Трајковска, универзитетска професорка, поетеса и претседателка на МНД – Битола, професор д-р Зоран Николовски, универзитетски професор на УКЛО, Калиопа Кривашија-Стилиновиќ, почесен конзул на Република Франција како и ученици од Француска алијанса – Битола предводени од директорката Каролина Потел Златевска.

-Оваа книжевна средба е посветена на моќта на зборот – збор што патува меѓу два јазика, францускиот и македонскиот, и притоа ги премостува културите, искуствата и тишините меѓу луѓето. Тука сме за да го доживееме јазикот на поезијата, а со тоа да навлеземе во длабочините на човечката душа, да го напипаме тоа што е заедничко, човечко и хумано, без оглед на јазикот на кој тоа е изговорено, истакна професор  д-р Даниела Андоновска-Трајковска.

Реклама

На настанот на беше промовирано и специјалното издание на реномираното француско списание Rumeurs.

-Овој број на списанието Rumeurs претставува антологија на современата балканска  поезија, бидејќи во него на околу 300 страници се застапени репрезентативни и реномирани поети од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Подготовката на ова издание траеше три години, така што во тој временски период успеав да сретнам извонредни поети кои воодушевуваат со силата на зборот што провоцира на размисла и предизвикува интензивна емоција… Во Битола доаѓам повеќе пати и тоа речиси секоја година почнувајќи од 2021 година кога бев учесник на Струшки вечери на поезијата и можам слободно да речам дека добро ја познавам. А тоа што особено ме воодушевува се луѓето, пријателите кои тука ги стекнав, но и старата архитектура, црквите, малечките улички, Стара Чаршија, Широк Сокак и сè што го носи печатот на своето време, посочи гостинот од Франција, писателот Верне.

Настанот заврши со поезија од Жоел Верне која тој ја нарече легната поезија која не дозволува да биде скршена на стихови, поезија која има приказна, а сепак е песна.