Реклама

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија

Захариев: Во 2026 година се очекуваат нови 60 вработувања, акцентот е на помошен медицински и технички кадар

Нови 60 вработувања и зголемување на буџетот од 10 до 15 проценти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови 60 вработувања и зголемување на буџетот од 10 до 15 проценти се очекуваат во 2026 година за Клининичка болница – Штип, најави денеска директорот Владко Захариев. Тој истакна дека со најавеното зголемување од 10 до 15 отсто се очекува да се обезбедат средства и за дел од неопходната медицинска опрема, што ќе значи подобри услови и поквалитетна здравствена услуга за пациентите. 

– Буџетот се планира некаде од 10 до 15 отсто да биде зголемен. Нашите барања беа доста поголеми, но финансиските услови на Фондот се онакви какви што се и во моментот правиме корекција на планот и на буџетот за да го поднесеме коригиран во рамките, тоа е можност да ни го прошират – рече Захариев.

Прашан што е со вработувањата за 2026 година, Захариев одговори дека очекуваат да имаат и вработување на приватни специјализанти. Веќе е добиена согласност за продолжување на договоите на определено време, а во тек е постапка за вработување на неопределено за 25 работни позиции. Дополнително, во рамките на втората фаза од проектот на Министерството за здравство се очекува вработување и на приватни специјализанти, што ќе придонесе за значително кадровско зајакнување на установата.

Реклама

– Ќе има помалку доктори. Повеќе е среден и технички персонал – болничари, медицински сестри, шофери, а ќе има и вработување на административен кадар – економист, правник – изјави Захариев. 

Тој рече и дека рендген-апаратот и мамографот не се во функција, а во тек се преговори за да се набават нови. Посочи дека дефектот на мамографот е голем.

– Се надевам дека ќе ги вклопиме тие апарати во буџетот. Во моментот од вчера, за жал, се расипа рендген-апаратот, кој е дотраен. Денеска или утре ќе одам на преговори, да видиме, во план е да има нов рендген-апарат, но сега ургентно е овој стариот да го поправме, и тоа максимално најбргу што може. Исто така, во преговори сме и во дилема, чекаме одговор од Фондот за мамографот бидејќи дефектот на мамографот е голем, дали да се набави нов апарат или не, ќе видиме во склоп на буџетот што ќе го направиме сега овие денови – рече Захариев.

 Доколку има дополнителни средства, Захариев потенцира дека ќе се набави и дополнителна апаратура потребна за болницата.