Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Одржан состанок на JETIP Инвестициската платформа: Јасен план и координиран пристап за забрзување на енергетската транзиција

Напредокот во политиките, планирањето и регулаторните реформи што ја поддржуваат праведната енергетска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Напредокот во политиките, планирањето и регулаторните реформи што ја поддржуваат праведната енергетска транзиција на Македонија беше тема на четвртиот координациски состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP – Just Energy Transition Investment Platform) што денеска се одржа во Скопје во просториите на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).

На состанокот, информираат од МЕРМС, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска истакна дека во изминатиот период Министерството е фокусирано на зајакнување на политичките и планските основи неопходни за ефективна имплементација на Инвестициската платформа.

Во таа насока, подготвени се два годишни планови за развој на енергетскиот сектор за 2025 и 2026 година, усогласени со приоритетите на праведната транзиција, кои обезбедуваат јасна краткорочна рамка за реализација на проектите и подготвеност за инвестиции.

Реклама

Паралелно, Националниот план за енергија и клима (НЕПК) ја заврши фазата на јавни консултации и влезе во завршна фаза на финализација. НЕПК ги обединува целите за декарбонизација, развојот на обновливите извори на енергија и потребите за флексибилност на енергетскиот систем, со посебен фокус на регионите погодени од транзицијата од јаглен. По неговото усвојување, Планот ќе претставува стабилна основа за јавните и приватните инвестициски одлуки.

На регулаторен план, во завршна фаза е и подготовката на Законот за обновливи извори на енергија, со чие што усвојување ќе се создадат услови за значително забрзување на инвестициите и исполнување на целите за декарбонизација.

-Овие активности не претставуваат изолирани реформи, туку овозможувачки чекори за реализација на проектната рамка на Инвестициската платформа, велат од Министерството.

Нагласуваат дека Владата уште еднаш ја потврди својата силна посветеност на праведната енергетска транзиција, поддржувајќи ја Инвестициската платформа како клучен механизам за координација, инвестиции и забрзана имплементација на реформите.