Реклама

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија

Олимпиецот Виктор Петков на прием кај градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани

Градоначалникот на Гостивар Ваљбон Лимани денеска се сретна со скијачот Виктор Петков,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Гостивар Ваљбон Лимани денеска се сретна со скијачот Виктор Петков, кој ќе настапи на Зимската олимпијада, при што лично му посака успех на претстојните натпревари и достоинствено претставување на државата и родниот град.

– Неговиот успех е гордост не само за Гостивар, туку и за целата држава. Особено е важно што настапот на Виктор Петков на Зимските олимписки игри Милано-Кортина е воедно и големо достигнување во неговата спортска кариера, рече Лимани.

Во разговорот пред заминување на македонските спортисти на ЗОИ, Лимани најави потрајна соработка со спортистите и финансиска поддршка. Градоначалникот Лимани ја потенцира институционална поддршка за младите спортисти и како што истакна, ваквите успеси ја детерминираат инспирацијата на новите генерации да ги остваруваат спортските соништа.

Реклама

Виктор Петков е член на ски клубот „Сноу спорт клуб“ и во спортската кариера има постигнато значајни резултати. Досега, тој учествувал на пет Светски првенства во скијање, на значајни меѓународни купови и првенства. Негова специјалност се техничките дисциплини во скијање.

– Се надевам на добар резултат и настап и на оваа зимска олимпијада. Честа е голема да се биде дел од државна репрезентација, а со тоа и одговорноста, рече Петков пред неговиот прв настап на олимписки игри.

Од неговиот тим потврдија дека Виктор ќе настапи на велеслаломската трка на 14 февруари, а за слаломската ќе се одлучи дополнително. Тој годинава имаше добри резултати на натпреварите во на Јахорина и Купрес (БиХ).

Виктор утре заедно со олимписката експедиција патува за Италија, неговиот тим, техничката поддршка и опремата тргнаа еден ден порано.