Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Во Велес и поширокиот регион годишниот план за крводарување за 2025, натфрлен со 204,4 проценти

Во текот на 2025 година, од крводарителите од Велес и општината, како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на 2025 година, од крводарителите од Велес и општината, како и од општините Градско и Чашка, собрани се вкупно 3.802 крвни единици со што годишниот план од 1860 крвни единици е натфрлен  со 204,4 проценти.

На терен се изведени вкупно 28 акции за доброволно дарување крв на кои се собрани 1.568 крвни единици, додека преостанатите 2.234 дарувања се собрани во Одделението за Трансфузиона медицина во Велес и останатите одделенија во околните болници од самоиницијативни дарувања на доброволни крводарители. Од собраните 3.802 крвни единици 889 се од крводарители жени додека 561 се од дарители кои прв пат дарувале крв  во својот живот и така влегле во Друштвото на хуманите,

Како што информира Орце Николов секретар на Општинската организација на Црвен крст, од прикажаните податоци  во извештајот на нивната Комисија за здравствено, превентивна дејност и крводарителство може да се констатира, дека со собраните 3.802 крвни единици е обезбеден континуиран и доволен прилив на крв во ЈЗУ Општа болница во Велес и се исполнети обврските према Клиничкиот центар во Скопје.

Реклама

Од организираните 28 крводарителски акции, по три се изведени со дарители од Општина Чашка и Општина Градско две во велешкиот гарнизон на АРМ и една во МВР во Велес. Исто така по една акција една е идведена во ООУ „Блаже Конески“, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ со Здружението „Велес Бајкинг“, SKILL Up Academy и ЈЗУ „Здравствен дом“. 

Две многу успешни крводарителски акции се изведоа со Мото клубот „Носачи на крстот“ и со учениците од средните училишта во градот. Останатите крводарителски акции беа наменети за граѓанството.

Инаку во 2025 година најуспешни крводарителски акции се двете акции кои се организираа со поддршка на Мото клубот „Носачи на крстот“ на кои се собрани вкупно 383 крвни единици, крводарителските акции во Општина Градско каде се даруваа 395 единици. Посебно треба да се одлебежат крводарителските акции за Денот на Општина Велес и за Денот на Општина Градско, каде се даруваа по 200 крвни единици.

Во извештајот на Комисијата е наведено дека општа оценка е дека крводарителските акции беа добро организирани со зголемен одзив на доброволни дарители. Како резултат на тоа, бројката на дарители на крводарителските акции  е на високо ниво и најголема во последните дваесет години.

Воедно се истакнува дека, како и многу години наназад, одлични резултати се постигнати и од самоиницијативните дарувања, што  се должи и на ефикасноста и соодветниот однос на вработените спрема дарителите во Одделението на Институтот за трансфузиона медицина  во Велес.

Во извештајот е нагласено дека во 2025 година, за прв пат успеаја да организираат крводарителска акција во населеното место Горно Јаболчиште, во Општина Чашка. 

Нивна оценка е дека тое е  место со голем број на жители и потенцијални крводарители. Интенцијата е оваа крводарителска акција да стане традиционална и да се одржува еднаш до два пати во годината.

Воедно во годишниот извештај на Комисијата за здравствено, превентивна дејност и крводарителство се  наведува  дека и  покрај добрите постигнати резултати се испречуваат повеќе потешкотии кои му стојат на патот на натамошниот развој на крводарителството.

Наведено е дека со престанокот на организирање на крводарителските акции во работните средини во голема мера е изгубен контактот на Општинската организација. Ова довело и до речиси целосно замирање на организираниот живот на крводарителите во Велес, што доведува до состојба крводарителите да немаат со кого да ги споделат своите проблеми, ставови, видувања и предлози. Воедно и дека во  овој правец се чувствува потреба од артикулирање на потребите, интересите и комуникациите на крводарителите и во крводарителството. На Одделението за Трансфузиологија во Велес крв се дарува  само во деновите понеделник и четврток,  што според  оценката на Комисијата влијае за намалување на бројот на крводарители.