Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година, досега реализирани 184,5 милиони денари 

Почна исплатата на средства од „Мој ДДВ“ за скенираните фискални сметки за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна исплатата на средства од „Мој ДДВ“ за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година, информира Управата за јавни приходи (УЈП). Како што посочуваат од УЈП, за четвртиот квартал од 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата „Мој ДДВ“.

– До денес реализирани се 184,5 милиони денари кон 104.000 корисници на апликацијата „Мој ДДВ“. Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите, така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на „Мој ДДВ“ – велат од УЈП.

Напомeнуваат дека во овој момент 5.292 корисници, кои скенирале фискални сметки, имаат внесено погрешна трансакциска сметка поради што не се во можност да ја реализираат исплатата.

Реклама

– Доколку немате добиено средства, проверете ги и ажурирајте ги податоците за трансакциската сметка директно во апликацијата „Мој ДДВ“. На тој начин УЈП ќе има точни податоци за корисникот и ќе може да изврши исплата на поврат по основ на „Мој ДДВ“ – апелираат од Управата за јавни приходи.