Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Андоновски ја почна посетата на САД со претставници на водечки институции од областа на кибербезбедноста

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ја почна посетата на Соединетите Американски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ја почна посетата на Соединетите Американски Држави со работна средба во MITRE Corporation, една од највлијателните и најдоверливи институции што со децении работи директно за владата на САД во областа на кибербезбедноста и управува со повеќе FFRDC-центри (Federally Funded Research and Development Centers).

Како што информира Министерството за дигитална трансформација, на средбата се разговарало за теми од клучно значење за современата држава и развојот на безбедна дигитална инфраструктура, меѓу кои вештачка интелигенција и нови технологии, со фокус на доверливост и валидација, кибербезбедност и национална киберотпорност за заштита на критична инфраструктура и државни платформи, дигитално управување и менаџмент на податоци за институционална дигитална зрелост и интероперабилност, како и области со високи безбедносни стандарди – авијација, безбедност и здравствен систем.

– Средбата вклучи разговори со Beth Meinert (виш потпретседател и генерален директор), како и со Yosry Barsoum и Shamik Das од MITRE Corporation. Разговорот беше насочен кон тоа како се гради доверба во дигиталната држава, како се поставуваат јасни правила за одговорност и безбедност и како институциите може да носат подобри одлуки базирани на податоци, стандарди и мерливи резултати. Министерот Андоновски имаше можност да го посети и иновацискиот центар за истражување на MITRE – соопшти Министерството. 

Реклама

Во рамките на посетата, министерот Андоновски заедно со владината делегација, во која се Игор Јанушев, генерален секретар на Владата, и Златко Перински, министер за локална самоуправа, оствари средба и со претставници на „Мајкрософт“, каде што со Козета Гарет, генерален директор за кибербезбедносни сервиси во оваа компанија, разговарале за актуелни предизвици и можности за унапредување на кибербезбедноста, зајакнување на отпорноста на јавните системи и поддршка на дигиталната трансформација.

Македонската делегација во САД ќе присуствува и на Молитвениот појадок, како дел од официјалната агенда на посетата.