Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

„Безбеден град“ ќе го „покрие“ Охрид и околината пред летната сезона

Пред почетокот на летото, системот безбеден град ќе почне да функционира и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред почетокот на летото, системот безбеден град ќе почне да функционира и во туристичките центри Охрид и Струга. Во двата града првично ќе бидат поставени 40 камери кои значително ќе ја подобрат безбедноста, посебно во шпицот на сезоната кога, како што велат охриѓани, владее сообраќаен хаос, а по улиците неконтролирано се дивее.

  • “Тоа е добра и позитивна работа која требало од порано уште да се заврши. Поединци да, ама поединци воопшто не водат рачун дека е црвено, излегуваат директно од улици на главна улица и се без возачка култура. – Би требало да се подобри, сепак превенцијата ќе си ја заврши работата и казните. Само друго да кажам за safe city, тротоариве некогаш ќе се исчистат од возила? – Не гледам добро, ме водат други, другите можат да кажат дека навистина сообраќајната дисциплина и на пешаците и на возачите не е на ниво” – велат охриѓани.

Во моментов 4 камери се поставени на автопатот Кичево–Охрид помеѓу селата Горенци и Требеништа и Ботун и Ново Село. Тие минатата недела беа тестирани. Не е исклучена можноста на оваа делница од 57 километри да бидат поставени дополнителен број камери.

“Сè до тој момент, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, пред сè во пресрет на туристичката сезона, ќе вршат нагласени и интензивни сообраќајни контроли. Тоа ќе значи подигнување на степенот на сообраќајната безбедност, тоа ќе значи намалување на бројот на сообраќајните незгоди” – вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Реклама

Засега системот безбеден град функционира во Скопје, Куманово и Тетово, но жителите на помалите градови како Кичево сметаат дека камери треба да има секаде, не само во поголемите центри.

  • “Safe city го оправдувам и уште поригорозни казни да има затоа што вакви лудории нема на планетава. Возење на црвен семафор, непочитување на пешачки. Дозволено 50–60 км на час, се вози 150. Одма возилото да му се одземе и да заборави повеќе на возило во животот. – Секаде се вози диво, претежно во овие помаливе места” – велат кичевчани.

Инаку, на магистралниот пат Ќафасан–Струга–Подмоље–Кичево–Стража се случиле 30 сообраќајки во кои 7 лица го загубиле животот, а 38 се здобиле со тешки телесни повреди. Најчести причини се преголема или неприлагодена брзина на движење, претекнување на непрегледни делови на пат и управување под дејство на алкохол.