Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Студентите и пензионерите ќе можат легално да работат без да ги изгубат правата

Владата отвора ново поглавје во борбата против сивата економија. Со новиот закон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата отвора ново поглавје во борбата против сивата економија. Со новиот закон за работно ангажирање на лица, кој стапи на сила од 1 јануари 2026 година, се создаваат повеќе работни места, поголема заштита за работниците и постабилна и предвидлива деловна клима за компаниите. Работењето на црно практично ќе се сузбие со отворањето на можноста за дополнителен ангажман на пензионерите, но и на студентите и младите чиј сезонски но и секаков друг вид работен ангажман ќе биде со јасни права и обврски. Новиот модел според надлежните овозможува пофлексибилен и поедноставен начин  за нивно дополнително легално ангажирање, создавајќи јасна правна рамка и поедноставување на електронските процедури во делот на пријавувањето, одјавувањето и уплатата на придонеси.

Корисниците на гарантирана минимална помош, не ги губат социјалните и детските права, невработените не се бришат од евиденција и не го губат паричниот надоместок, пензионерите го заджуваат правото на пензија, а студентите и учениците ги задржуваат правата од образовниот систем“, изјави Бесар Дурмиши – министер за економија и труд.

Во првата фаза Законот ги опфаќа дејностите во кои сивата економија е најизразена, како што се земјоделството, шумарството, рибарството, објектите за храна и дејностите во домаќинствата. Се очекува бенефит за вкупно 17,400 работници, од кои 12,000 сезонски во секторот земјоделие и околу 5400 непријавени во туризмот, угостителството и услугите.

Реклама

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2024 година во земјава имало речиси 694 илјади вработени, од кои приближно 85 илјади биле неформално ангажирани... Работодавачите добиваат флексибилност и поедноставни административни постапки, а работниците добиваат исплата по час, придонеси за пензиоско и инвалидско осигурување, дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување, во случај на повреда на работа или професионално заболување, како и јасна правна заштита на нивните права“,изјави Бесар Дурмиши – министер за економија и труд.

Законот беше работен од експерти од Германското друштво за меѓународна соработка, заедно со Агенцијата за вработување, Министерството за финансии и Управата за јавни приходи.