Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Кисела Вода: Започна заедничката еко-акција со ЈП „Паркови и зеленило“

Од улица „Коперникова“ во населбата Драчево почна сеопфатната теренска интервенција за чистење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од улица „Коперникова“ во населбата Драчево почна сеопфатната теренска интервенција за чистење и уредување на јавните зелени површини, што Општина Кисела Вода од денеска ја реализира во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ под ингеренции на Град Скопје, информираат од Општината.

На денешниот настан присуствувале градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Муамер Сефери, кои заедно ја следеле и поддржале теренската интервенција, согласно нивната неодамнешната работна средба, на која била договорена зајакната соработка со фокус на подобрување и одржување на јавниот простор.

Преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита, се спроведува еднонеделна еко акција што опфаќа, собирање на лисна маса, расчистување на паднати гранки и отпадоци, кастрење на суви дрвја, како и уредување на јавните тревници и појасите со тревна вегетација низ сите урбани и месни заедници.

Реклама

Активностите се одвиваат согласно претходно изработен план на општинските служби, дополнет со пријавите и барањата од жителите. На терен се ангажирани целокупната механизација и екипите на Општина Кисела Вода и ЈП „Паркови и зеленило“, а опфатени се парковите и јавните зелени површини на територија на општина Кисела Вода. Вакви теренски зафати, доколку дозволат временските услови, ќе се одвиваат во текот на целата недела.

– Оваа недела во соработка со ЈП„Паркови и зеленило“, интензивно работиме на чистење и уредување на парковите и јавните зелени површини низ Кисела Вода. Ангажирани се целокупната механизација и теренските екипи, а се врши собирање на лисната маса, расчистување на отпадоци, поткастрување и отстранување на суви дрвја, како и уредување на јавните тревници. Со овие зафати директно го подобруваме изгледот и хигиената на јавниот простор. Целта ни е секое маало да биде почисто и поуредено, а ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период. Воедно, апелирам до граѓаните да се вклучат со одговорно однесување и заедничка грижа за животната средина, вели градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Утре акцијата продолжува на улиците „Народни херои“ и „Пушкинова“.